Историјат

Квалитет што создава доверба

1991

Почетоците на Едел Пром датираат од 1991 година. Првото седиште на компанијата беше објект од 50м2 со вкупно 3(тројца) вработени.

1996

5 години подоцна поради зголемување на обемот на работа имавме потреба од поголемо седиште, па Едел Пром се пресели во објект од 200м2.

1998

Едел Пром станува партнер со реномираната турска фабрика за производство на автостаклата OLIMPIA.

2002

Компанијата растеше а со тоа и потребата за поголем простор за работа. Во 2002 година Едел Пром се пресели во објект од 700м2.

2004

Во 2004 година Едел Пром станува генерален застапник за Пилкингтоновите автостакла. PILKINGTON е лидер и еден од најголемите светски произведувачи на стакло и стаклени продукти.

2010

2010 година компанијата повторно ги зголемува капацитетите и се преместува во поголем објект од 1000м2.

2012

Во 2012 година Едел Пром се преместува во значително поголем објект од 2000м2.

2014

2014 година компанијата станува партнер со уште 2 светски компании производители на стакла. Xinyi Glass Holdings Limited со седиште во Хонг Конг, Кина, еден од водечките светски производители на интегрирано стакло и PMA Tools Германска компанија која е најголем светски производител за помагала, додатоци и материјали за вградување на автостакла.

2021

2021 година компанијата поседува магацински простор и изложбен салон во кој се изложени сите наши производи во вкупна површина од 4200м2.
Во моментов Едел Пром е составен од професионален тим од 18 вработени и го поставува врвниот стандард во автостакло бизнисот во Македонија и пошироко со над 25000+ стакла на залиха.

2023

2023 година компанијата станува партнер со Saint-Gobain Sekurit